ВЛАДАТА НА ЗАЕВ ПОД ЛУПА ПОРАДИ KOPУПЦИЈА: ЕУ формира тим од 5 европски институции кои ќе ја мониториpaaт Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Моето интервју за Канал 5 Телевизија на кое давам одговори на актуелните теми. Граѓаните сакаат да има правда во Република Македонија, Владата на Заев нема намера да го гони криминалот и корупцијата. Нивото на реформи во Македонија не е доволно за да започнеме и во овој момент сите информации кои што стигаат до нас е дека нема да имаме чист датум за почеток на преговори со ЕУ. Оваа Влада нема капацитет за да отпочне преговори, напиша Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.


-ВМРО-ДПМНЕ е спремно за предвремени избори, нека поднесе Зоран Заев оставка утре, да формираме Техничка Влада согласно законот и за сто дена да одиме на избори. -Ексклузивно сакам да споделам дека најдоброто што може Македонија да го очекува од оваа влада е да се формира тим од претставници на 5 европски институции, 3 од Брисел, 2 од Стразбур, коишто ќе треба да вршат мониторинг над владеењето на правото и борбата со корупцијата во период од најмалце една, најмногу две години и после тоа да се даде одговор дали Македонија е спремна да почне преговори. Тоа не е почеток на преговори, тоа е практично формирање на адхок тело, затоа што е проценето дека оваа Влада ниту има волја ниту има капацитет да се избори со корупцијата, вели Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This