ВЛАДАТА НА ЗАЕВ ПРОДОЛЖУВА ДА ВРАБОТУВА АКТИВИСТИ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА: Обвинуваа дека имало превработеност, а сега не престанаа да вработува плукачи по државата

Поврзано

- Advertisement -
Владата на Република Македонија продолжува да биде место за вдомување на активистите на таканаречената „Шарена револуција“, но и познати личности во јавноста кои отворено ги бранеа политиките на Зоран Заев и СДСМ. Оние кои обвинуваа за превработеност веднаш по доаѓањето на власт, сега не престануваат со вработување и ангажирање на партиски војници.
- Advertisement -

Според информациите до кои дојде „Курир“, бруталната партизација на институциите продолжува со вработување на околу 50 лица преку авторски договори во Владата.  Ваквите информации доаѓаат откако новата влада иако најави дека ќе штеди, сепак распиша тендер за Агенција за привремени вработувања за период од 4 месеци во вредност од 127 илјади евра.

„Курир“ денеска се обиде да добие став од Владата и владиниот портпарол Миле Бошњаковски за ваквите информации, но сепак одговори не добивме. Бошњаковски запрашан колку нови вработени има во Владата и колку од тие нововработени се преку авторски договори, само кратко ни кажа дека во моментов не располага со одговори и дека треба да почекаме до утре откако прашањата писмено ќе ги испратиме.

„Курир“ располага и со информации за конкретни имиња на личности кои се вработени меѓу новите 50 лица со авторски договор, меѓу кои еден познат јавен лик кој отворено одработуваше за претходната опозиција, како и ќерка на политичар од коалицијата на СДСМ, меѓутоа до утре ќе почекаме на одговорите од Владата за да го слушнеме и нивниот став околу точноста на ваквите информации, по што истите ќе ги објавиме.

Изминатиов период, јавноста е сведок дека Владата на СДСМ додека од една страна се жали на превработеност, од друга страна вработува лица кои ја критикувале претходната власт.  Дополнително Владата објави и оглас за вработување на 13 посебни советници во Владата со плата во висина од 36.873 денари. Ваквиот оглас дојде откако пред само една недела пред тоа генералниот секретар Драги Рашковски и министерот Дамјан Манчевски тврдеа дека јавната администрација се соочувала со превработеност.

Граѓаните на социјалните мрежи реагираат дека владиното вработување на критичари на претходната власта е во суштина нивно политичко корумпирање.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This