ВЛАДАТА НА ЗАЕВ СЕ НАДЕВА ИЛИ МАНИПУЛИРА СО БРЗ ВЛЕЗ ВО ЕУ ВО ЈУНИ ГОДИНАВА: И покрај ставот на повеќе европски претставници, владата се надева дека во јуни ќе започне преговори со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на македонскиот технички тим за преговори со ЕУ, Бојан Маричиќ, кој деновиве престојува во Брисел во рамките на техничкиот скрининг процес со Европската комисија, за МИА вели дека Европската комисија и земјите-членки треба да бидат свесни дека имплементацијата на важен дел од Преспанскиот договор е поврзан со отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Евентуалното неотворање преговори би можел да го доведе во прашање спроведувањето на спогодбата со Грција.

Сепак, дали ќе добиеме преговори во јуни, главно зависи од расположението на земјите-членки, а не од промената на нашето име.

Она што за нас е примарно е ние да го направиме нашиот дел, што зависи од нас. Тоа се трите основни патеки по кои што се движи владата и Република Македонија. Патеката на исполнување на Преспанскиот договор, тој дел е завршен во најголема мера, нашиот дел е завршен, следува грчката ратификација и сите фази на имплементација како што се опишани. Втората патека се реформите. Направивме план 18 што се спроведува и дава веќе видливи резултати во клучните области утврдени од Европскиот Совет минатата година, и во борбата против корупцијата, и во правосудството и во тајните служби и јавната администрација, направени се крупни чекори што треба да се реализираат до моментот на одлуката за преговори. Третата патека е заокружување на преговарачките тимови, тоа го комплетираме после секоја скрининг сесија. До крајот на месецот очекуваме да се донесат актите на Влада кои што ќе ја дефинираат преговарачката структура детално правно и ќе ги дефинираат односите меѓу институциите во таа смисла. Нас ни е најважно да бидеме подготвени до јуни, да нема никаков аргумент и никакво образложение зашто некоја држава би имала основа да нѐ блокира. Знаеме дека исходот зависи и од резултатите на европските избори и од расположението на земјите членки, но убедени сме дека направивме доволно за да ги започнеме преговорите.

Голем дел од европскиот врв веќе се изјаснија дека веројатноста Македонија да ги започне преговорите со ЕУ во јуни е прерано и преамбициозно. Жан Клод Јункер и Јоханес Хан во неколку наврати официјално изјавија дека 2025 е најраниот рок за Македонија да стане членка на ЕУ. Но владините претставници и понатаму инсистираат и изјавуваат во јавноста дека сепак во јуни е возможно Македонија да ги започне пристапните преговори. Дали станува збор за груба манипулација останува да видиме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This