ВЛАДАТА НА ЗАЕВ СО ИСТОРИСКИ НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ: Преку 3 милијарди евра буџет, ама пари за „проектите за живот“ нема!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овој буџет е најголем досега – вкупните приходи се проектирани на 3 милијарди и 140 милиони евра или 4.7% повеќе од годинава, а расходите треба да бидат 3 милијарди и 440 милиони евра или 4.1% повеќе

Историски најголем буџет со нови давачки, а со помалку пари за земјоделците и за инфраструктурата. Како опозиција ветуваа планини и долини, а како власт нудат трошки. Mинистерот за финансии вели пари нема за сите – доколку излегле во пресрет на барањата ќе направеле дефицит од дополнителни 500 милиони евра, објави телевизијата „Алфа“.

Овој буџет е најголем досега – вкупните приходи се проектирани на 3 милијарди и 140 милиони евра или 4.7% повеќе од годинава, а расходите треба да бидат 3 милијарди и 440 милиони евра или 4.1% повеќе.

Ни ова не е доволно за власта која со години како опозиција критикуваше дека државата прибирала премногу пари од стопанството и граѓаните. Министерот за финаснии вели дека буџетот сега заземал само 32% од Бруто домашниот производ а во развиените земји оваа сума достигнувала и 50 до 55%.

Драган Тевдовски со критика и за медиумите – да не коментирале бидејќи не биле стручни.

– Бидејќи овие неколку дена имаше многу шпекулативни написи и слично, посебно за работи за кои не се стручни, да не манипулираат со јавноста, порача Тевдовски.

Пред изборите власта ветуваше просечна плата од 30.000 денари, потоа раст на примањата на администрацијата, повеќе пари за инфраструктура и за домашниот бизнис. Но, по изборите нема ништо од ова во буџетските проекции.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This