Владата на СДСМ ги ограничи и финансиите на спортските субјекти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска на 95-тата седница на Собранието на република Македонија се изгласа Законот за изменување на Законот за спорт . Со измената на Законот за спорт, се ограничува вкупната сума на средства кои спортсксите субјекти можат да ги користат, односно 6 милиони евра, наспроти претходниот Закон каде не постоеше горна граница на даночно олеснувањe.

Во претходниот Закон беше пропишано дека секој клуб, федерација или спортист можеше да склучи повеќе договори во вредност која му е неопходна за спортски резултати. Ова би значело дека има можност за инвестирање само за спортски субјекти кои имаат ваучер, а износот е лимитиран на 6 милиони евра вкупно за сите федерации, клубови и индивидуални спортисти.

Со оваа измена се врши и лимитирање на поддршката за индивидуални спортисти и спортови со што ќе се отежнат условите за работа, како и намалена подршка за најмладите спортисти и аматерски клубови со што масовноста во спортовите ќе опаѓа.

Со Законот за ваучери, предлогот, критериумите за распределба на ваучерите и бодувањето да се регулира со Правилник, кој дополнително треба да го донесе АМС, далеку од очите на јавноста, а уште подалеку од очите на спортската јавност и оние кои се најзасегнати. Општите и посебните критериуми требаше да бидат утврдени во Законот за спортот и јавно дебатирани пред целата македонска јавност.

Спортот во Република Македонија трпи поради неажурноста и избрзаната работа на власта и нејзините институции. Имено, Владата на СДСМ избрза да го донесе новиот Закон за данок на добивка на крајот од минатата година, а во меѓувреме не ги донесе измените на Законот за спортот. Со тоа, во последниве 3-4 месеци ниеден спортски субјект не можеше да ги користи бенефициите од даночно олеснување и тоа во најкритичниот период – на полусезона и почетокот на втората полусезона.

Со Законот за ваучери спортистите добиваат по малку, но никој нема да добие колку што му е потребно за успешна презентација на македонскиот спорт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This