ВЛАДАТА НА СДСМ ПОЧНА СО РАСПРОДАЖБА НА ДРЖАВНИТЕ РЕСУРСИ: Се продава Попова Шапка со хотелите и севкупната инфраструктура

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на РМ – Генерален секретаријат деновиве распиша оглас за  консултантски услуги­ детална длабинска анализа на финансиските, оперативно­ техничките и правните елементи на ски-центарот “Попова Шапка”, “Фабриката за шински возила Велес” и “11 Октомври­ Еурокомпозит” АД Прилеп, како и подготовка на документација за продажба на истите.

Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 15.000.000 денари. Економски најповолната понуда ќе се избира врз база на критериумите: цена (60 бодови) и квалитет (40 бодови).

Со ски-центарот “Попова Шапка” веќе шест години стопанисува Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт “ЕЛЕМ турс” ДООЕЛ Скопје. Според актуелната состојба енергетската компанија Електрани на Македонија е единствен основач и содружник на ова друштво. Тие стопанисуваат со хотелите Славија и Попова Шапка, како и ски-лифтовите и жичарницата.

На оваа тема неодамна се изјасни и премиерот Зоран Заев, кој посочи дека за развој на туризмот на Попова Шапка итно и се потребни странски инвестиции. Тој веќе најави дека сите хотели, жичниците, севкупната инфраструктура на Скијачкиот и туристички центар “Попова Шапка# ќе бидат понудени на продажба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This