April 16, 2024, 12:42 pm

ВЛАДАТА НЕМА КАДАР ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ: Спасот ќе го бара во јавниот сектор надвор од институциите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со други ресори бара начин за привлекување кадар и од јавниот сектор и надвор од институциите за вклучување во процесот на преговори со ЕУ, а државата ќе биде подготвена да одговори на барањата со потребниот кадар кога ќе почнат преговорите, изјави денеска ресорниот министер Дамјан Манчевски.

-Заедно со Министерството за труд и социјална политика, Секретаријатот за европски прашања и со Министерството за финансии работиме на предлог со кој ќе се овозможи начин кој, се надеваме, ќе привлече луѓе и од другите институции во рамки на јавниот сектор, но и надвор од институциите да се приклучат во процесот на преговорите. Ова е нешто на што ќе треба да работиме во следните неколку месеци, да одреагираме нормално бргу и навистина сметам дека ќе бидеме подготвени во оној момент кога ќе почнат преговорите да одговориме на барањата-рече Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања пред јавната расправа за измените на законите за јавен сектор и за административни службеници.

Според Манчевски, кадровски сме подготвени за клучните сектори што се први на дневен ред за преговорите со оглед на тековниот скрининг, но ќе треба да се работи на капацитетот за останатите сектори. Како што најави тој, ќе се работи на повеќе полиња за да се привлечат лица за приклучување во преговорите, а во институциите има капацитети што треба да се насочат на вистинските места.

-Нормално е дека еден од аспектите е секако поголема мотивација од финансиски аспект, но не секогаш, понекогаш луѓето бараат и друг тип професионална надградба и шанса да бидат вклучени во овие, би рекол историски процеси. Ќе се работи на неколку полиња преку што ќе се обидеме да привлечеме луѓе не само од надвор и од институиците, бидејќи имаме капацитет во институциите што треба да го најдеме и да го канализираме на вистинско место. Секако динамиката ќе биде како што ќе тече отворањето на поглавјата. Во секторите што се први на дневен ред и не е така лоша состојбата, но следуваат веднаш и други сектори што ќе се отвораат и мора да се работи брзо- рече Манчевски.
Во врска со најавата за префрлање на вработени од јавниот во приватниот сектор, тој вели дека нема потреба да се стравува од отпуштање и оти такви активности би се случиле на крајот на годинава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This