ВЛАДАТА НЕМА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ: Рекордно ниско ниво на реализација на капиталните инвестиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Реализацијата на државните инвестиции во Република Македонија целосно потфрли, согласно денеска објавените податоци на Министерството за финансии. Продолжува рекордно ниското ниво на капитални инвестиции и покрај владините најави дека реализацијата ќе се забрза.

Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во перидот од јануари до јули  годинава се реализирани само 21,33 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година. Ова е убедливо најмалку во последната деценија. За годинава беа планирани 392 милиони евра за капитални инвестиции.

Владата на почетокот на оваа година се задолжи со еврообврзница од половина милијарда евра за која само по основ на камати треба да се платат 96 милиони евра.  Истовремено Министерството за финансии редовно повлекува милионски суми и на аукциите на државни хартии од вредност. Сепак и покрај енормните задолжувања инвестициите во реални проекти изостануваат.

Ваквиот тренд е загрижувачки и штетен врз домашната економија и нејзиниот развој, а хроничното потфрлање во реализацијата на инвестициите на државата сериозно влијае врз македонската економија, посочуваат експертите. Додаваат дека оваа година податоците укажуваат на алармантно ниско ниво, кое не се должи на немање пари во буџетот, бидејќи приходите се задоволителни, туку се должи буквално на слабата реализација на инвестициите.

Катастрофална реализација на капиталните инвестиции од страна на Владата, потврди минатата недела  и министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју дадено за Канал 5 телевизија. Неколку дена пред Министерството за финансии да ги објави официјалните податоци колку капитални проекти се реализирани заклучно со јули, Тевдовски „превентивно“ најави дека Владата има слаба реализација.

Тевдовски како „виновник“  за овогодинешната слаба реализација на капиталните инвестиции ја посочи претходната власт, но минатата година, министерот за финансии и покрај „наводните проблеми“ оставени од претходната влада, се пофали со највисока реализација на капитални инвестиции во 2017 година.

Вчера во интервју на  Радио Слободна Европа на оваа тема се огласи и вицепремиерот Кочо Анѓушев. По стапките на неговиот колега Тевдовски и тој се обиде превентивно да се „испере“.

Според Анѓушев реализацијата на капиталните инвестиции е ниска поради тоа што проектите кои што биле наследени од претходната власт не биле доволно технички издржани, а ако ги стартувале ќе се соочеле со многу дополнителни работи и анекси. Останува нејасно како за ова е виновна минатата власт кога буџетот за тековната година, вклучително и сите проекти во него, го подготвуваше и презентираше актуелната Влада, а нејзин вицепремиер беше и се уште е Анѓушев.

Кога беше претставен буџетот за 2018 година, министерот за финансии бомбастично најави дека во него е предвидена висока сума за капитални проекти од скоро 400 милиони евра. Овие средства, како што посочи тогаш, се наменети за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, детски градинки, изградба на училишни и спортски сали, реконструкција на ученички и студентски домови, за изградба и реконструкција на јавни здравствени установи, за набавка на медицинска опрема, за уредување на технолошко индустриските развојни зони, водоводи, канализација и слични проекти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This