ВЛАДАТА ОВОЗМОЖИ БЕСПЛАТЕН ВИКЕНД: 650 пензионери ќе одат во Охрид, Дојран, Преспа или Берово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шестотини и педесет пензионери ќе може да ги искористат услугите кои ги овозможува владата во рамки на проектот „Бесплатен туристички викенд“ во есенскиот циклус.

penzioneri-banja-vikend

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денес информираше дека по завршување на пролетниот циклус од проектот „Бесплатен туристички викенд“ кој се реализираше со периодот од март до јуни, продолжуваат со есенскиот кој ќе се одвива месецов.

Во рамки на овој октомвриски циклус се предвидени четири смени во кои по соодветна динамика, пензионерите кои се пријавија на јавен и транспарентен оглас, ќе имаат можност да искористат бесплатен туристички викенд во еден од четирите предвидени туристички центри, односно во Охрид, Отешево-Преспа, Дојран и Берово. Викендот е врз база на тродневен престој кој опфаќа две ноќевања со полни пансиони и организиран превоз од местото на живеење на пензионерот до туристичкиот центар и во обратна насока, истакна Ѓорѓиев.

Тој посочи дека со реализацијата на овој октомвриски циклус на годишно ниво околу 2.500 пензионери ќе ја искористат можноста за бесплатен туристички викенд, а за што Владата има издвоено 9 милиони денари.

-Од една страна овие средства се значајни за задоволување на потребите на пензионерите, но и овие средства се трансферираат кон туристичките капацитети што е значајно за туристичко-угостителскиот сектор особено имајќи предвид дека најголем дел од овие смени се реализираат во период надвор од класичната туристичка сезона, односно во период во кој туристичките капацитети имаат помала побарувачка, нагласи владиниот портпарол.
Овој проект предвидено е да продолжи да се реализира и во 2017 година со опфат од дополнителни 2.500 пензионери. Дополнително за пензионерите продолжува и реализацијата на проектите „Бесплатна банско-климатска рекреација“, континуираното зголемување на пензиите, обезбедувањето на бесплатен превоз во автобускиот и железничкиот сообраќај во поедини денови или викенди…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This