ВЛАДАТА ПОБРЗО ДА ГИ РЕАЛИЗИРА ВЕТУВАЊАТА: Очекуваме од Владата ветувањата да не ги релативизира во временски дел!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За да стигнеме до просечна плата од 500 евра, Македонија треба да оствари прилично висок економски раст, или последователен од 8 проценти.Оваа влада има прилично оптимистични очекувања за растот на економијата, директорот на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски во гостување на ТВ Нова кажа дека треба да ја стимулираат оваа влада да го оствари тоа ветување, бидејќи така ќе бидат граѓаните посреќни.


-Иако изминатиов период кога имавме тешки услови ние успеавме да се реоптимираме и да ги надминеме тие тешки услови, а многу негатори ни предвидуваа и црнци сценарија, а за среќа на граѓаните и државата ние тоа го поминавме успешно и можам да кажам дека АД Елем во моментов е во одлична кондиција. Компанијата во овој момент има 0 долгови кон добавувачите, кон вработените, а некаде околу 1,25 милијарди денари депозити на сметка и некаде 300 милиони денари на сметка од тековното работење на компанијата, со други зборови една извонредна ликвидност на самата компанија и следува период на ремонтни активности во истата, а производните капацитети се во одлична кондиција, потенцираше Мицковски.

Тој демантираше дека во Рек Битола до сега работело само со еден блок, а досега начесто таа работеше со три, но сега поради потребите на потрошувачите работи со два блока.

-Кој и да ме замени мене може да смета на компанија која е во фантастична кондиција и има сериозно високи цели во менаџирањето, но и голема обврска бидејќи Елем кој и да дојде е компанија на сите граѓани на оваа држава, а правилното менаџирање значи и правилно користење на богатството кое го имаат сите граѓани во Република Македонија, вели Мицковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This