ВЛАДАТА ПОТВРДИ:Командант Хоџа е советник на Заев за борба против радикализмот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шаќири има времен договор со времетраење од една година со висина на примања од 36.000 денари месечно.

Поранешниот пратеник во Собранието на Република Македонија, Џезаир Шаќири е времено ангажиран како надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот, за потребите на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија, соопшти денеска владината прес-служба.

Како што се наведува во соопштението, Шаќири има времен договор со времетраење од една година со висина на примања од 36.000 денари месечно.

Шаќири, кој е познат како командант Хоџа, по информациите и реакциите викендов дека е назначен за советник за безбедност, на својот Фејсбук профил напиша дека „ја добил функцијата за да преживее“.

– Ниту сум избран за премиер, ниту за прв парламентарец. Едноставно се работи за функција за да преживеам. Секакви луѓе има во владата избрани на разни функции, а вие реагирате за мене, напиша Шаќири на Фејсбук.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This