April 16, 2024, 11:48 am

ВЛАДАТА ПОТВРДИ: Средба Заев – Сорос имало и била тајна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу зборови малку информации. Или поточно – воопшто. На адресата на Република пристигна обемен текст како одговор на прашањата упатени до Владата за вчерашната средба на премиерот Зоран Заев и американскиот милијардер Александер Сорос, но обемниот текст не го содржи суштински одговорот на нашите прашања.

Одговорот веќе им е достапен на сите медиуми, бидејќи Владата воспостави невообичаена практика за комникација со новинарите на Република, па одговорите на нашите прашања редовно се објавуваат јавно, на сајтот на Владата или на социјалните мрежи.

Иако нѐ импонира ваквиот начин на комуникација со службите на Владата и функционерите, за да не остане јавноста ускратена од она што нас нѐ интересираше, пред да го објавиме интегрално одговорот, ги објавуваме и прашањата упатени до Владата, па читателите сами нека заклучат дали обемниот текст испратен од Владината ПР-служба е одговор на поставените прашања.

Почитувани,
во интерес на објективното јавно информирање, ве потсетуваме дека сѐ уште чекаме одговор на новинарското прашање испратено вчера, дали прмиерот Зоран Заев остварил тајна средба со американскиот милијардер Александер Сорос во Охрид.

Исто така, цениме ако одговорите и на дополнителните прашања:

1. Што било разговарано на средбата Заев – Сорос?

2. Зошто и по еден ден од средбата Владата не испраќа официјално соопштение во кое ќе ја информира јавноста за природата на средбата?

3. Зошто за американскиот милијардер било ангажирано полициско обезбедување доколку средбата не е од официјален карактер?

Одговор од Владата
Новата регионална иницијатива за Западен Балкан е поддржана од различни меѓународни чинители. Повеќе меѓународни организации даваат придонес и експертиза во оваа иницијатива која има за цел да го подобрува животот на граѓаните.

Во тој контекст, за време на работните средби во Охрид и Нови Сад, повеќе консултации се одржаа со претставници на Европската комисија, на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Регионалниот совет за соработка, како и со заменик-претседавачот на Фондациите Отворено општество Александар Сорос, кои се залагаат за унапредување на човековите права, правда, подобро јавно здравство и образование.

Нема ништо тајно во новата иницијатива на земјите од Западен Балкан – тоа е иницијатива за подобар Балкан и за подобар живот на сите граѓани во регионот.

Иницијатива за подобар Западен Балкан не е никако поврзана со најавените предвремени избори во нашата земја.

Што се однесува до полициското обезбедување на охридскиот аеродром, истото беше ангажирано заради присуството на високите гости на регионалниот состанок во Охрид, односно заради потребите на шефовите на држави и влади од регионот кои беа учесници на работните средби. Тоа е согласно редовните безбедносни стандарди кога станува збор за присуство на претседатели и премиери во Северна Македонија.

Дури и да е вака како што велат од Владата, останува констатацијата дека се работи за тајна средба со младиот Сорос имајќи предвид дека пред почетокот на трилатералната средба не беше најавено присуство на други делегации, како што тврдат сега од Владата.

„Одговорот“ што го добивме со ден задоцнување се однесува на текстот објавен вчера, „Зошто Заев и Пендаровски кријат за средбата со Сорос во Охрид и како државната полиција стана приватна?“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This