ВЛАДАТА СЕ НАЈДЕ ВО УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ: Братот на Миле Зечевиќ кој смртно застрела ловиџија поставен за директор на „Јасен“, дипломатите загрижени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата се најде во уште еден скандал, поврзан со избор на директор на Јавното претпријатие за стопанисување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“ во близина на Скопје, откако повеќе претставници на дипломатски мисии изразиле сериозна загриженост и побарале одговор како со ловиштето „Јасен“ директорува човек кој застрелал свој пријател на лов.

Порталот СВЕДОК уште минатиот месец објави сторија, дека дипломатските претставници вклучиле аларм на редовен безбедносен брифинг во Скопје, откако добиле информација дека за директор во „Јасен“ е поставен Новица Зечевиќ, кој претходно, на лов во Маврово, смртно застрелал свој пријател – ловџија.

Загриженоста кај дипломатските претставници била сериозна, тврди извор за Сведок, и тие барале одговор како е поставен Зечевиќ за директор, дали и кога добил безбедносен сертификат и дали ги исполнувал условите, бидејќи ловиштето „Јасен“ често се користи за дипломатски лов и за средби на странски претставници, па од тука не биле сигурни за безбедноста на своите шефови, а во исто време, што во овој резерват често доаѓаат и странски ловци, кои плаќаат од 2 до 15 илјади евра за лов на капитални примероци на: елен, срна, дива коза, дива свиња и слично.

Иако убиството во Маврово било затворено како „несреќен случај“, дипломатите не биле задоволни од објаснувањето дека Владата не го именувала директорот, туку дека тоа го сторил Управниот одбор на „Јасен“ кој пак се именува на Влада.
Дополнителен сомнеж кон загриженоста на дипломатите фрлила и информацијата дека Владата на почетокот на февруари сменила и дел од Управниот одбор именуван во јуни лани, што укажува дека смената на членовите на Управен била направена за полесно да се протурка новото директорско решение, кое е целосно партиско решение а никаде не може да се најде огласот кој треба да биде распишан за директор и дали и колку кандидати се пријавиле за ова место.

Тоа што директорот на „Јасен“ е брат на висок функционер во СДСМ, Миле Зечевиќ, екс директор на УБК (претходник на Сашо Мијалков) и вработен во Министерството за одбрана било јасен сигнал дека Владата и тоа како добро знае за кого станува збор.
СВЕДОК побара одговор од Владата кога е назначен Зечевиќ за директор на „Јасен“, но од владината прес служба добивме информација дека тие ги именувале само членовите на Управниот одбор, а се понатаму околу нашите прашања за изборот на директорот и неговата евентуална (не)осудуваност ни беше сугерирано одговор да бараме кај Управниот одбор на „Јасен“.

Но, целата работа, како што тврдат извори за Сведок, во „Јасен“ не одела така глатко. По доаѓањето на СДСМ на власт, веднаш бил именуван Управен одбор на „Јасен“ од 5 члена, кој за директор го избрал Јетон Селими, кадар на Алијансата на Албанците, кој пак си дал оставка откако партијата ја напушти Владата и ги повлече своите функционери. Опозициската ВМРО ДПМНЕ обвини дека тој имал искуство како водител на детскотто одморалиште „Бунец“ од каде што дошол за директор во „Јасен“ а реагираа и на фалсификатите што биле направени при неговиот избор (за реакцијата во продолжение на текстот).

На 16.06.2017 година Владата ги именувала: Марјан Даскаловски, Зоран Наков, Ирена Станковска, Ристо Спасовски и Илми Селами, за членови на Управниот одбор, кои, според ВМРО ДПМНЕ тогаш направиле незаконски и криминален ибор на директор во „Јасен“ поставувајќи го Селими.

Тој останал на функција до излегување на Алијансата од Владата, а според податоците од Централниот регистар, избришан е на 6 февруари 2018 година. Централниот регистар дава и дека на истиот датум, 6 февруари е впишан Новица Зечевиќ за директор, но има уште еден датум дека Зечевиќ се впишува како директор на 19 март 2018 година, пред 6 дена, иако тој е на функција повеќе од месец и половина.

СВЕДОК од Владата доби и нова информација дека е сменет дел од Управниот одбор на „Јасен“ на седница на 6.2.2018 година, што се совпаѓа со датумот на бришење на претходниот директор и првото впишување на Зечевиќ, што ни теоретски, ни практично не еможно се да се случило во еден ден. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски не одговори на нашето дополнително прашање, зошто е променет Управниот одбор, во кој, сега ги нема екс претседателот Марјан Даскаловски и Ирена Станковска, а на нивно место дошле две вработени од Министерството за одбрана (прилог табела со имиња на Управниот одбор и одговорот од Владата)

 

Текстот е објавен на порталот Сведок.мк, на 24-ти април 2018.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This