ВЛАДАТА СЕ ФАЛИ СО ИНВЕСТИЦИИ ДОНЕСЕНИ ОД ГРУЕВСКИ: Владата дала согласност за две инвестиции, кои веќе работат во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -


Јавноста е сведок на координирана медиумска кампања од провладините медиуми, колку и смешно да звучи, за странски инвестиции токму од владата на СДСМ. Иако во предизборието СДСМ беше најголемиот критичар на политиките за привлекување на странски инвестиции од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, сега се обидува да продолжи таму каде што претходната влада застана.

Координирано од центарот за комуникации на СДСМ, насловите во повеќе провладини медиуми гласат „Владата даде согласност за две нови странски инвестиции“.


Во надеж дека помнењето на гласачите е кратко, го споменуваат името на компанијата ВИК. За нивна несреќа помнењето на интернетот е подолго од она на јавноста- инвестицијата на германската компанија ВИГ е најавена уште на 23 декември 2016 година од страна на екс премиерот Никола Груевски.

Најавената инвестиција од страна на Никола Груевски е веќе остварена, а фабриката на ВИГ во Македонија скоро една година работи без престан.

Никола Груевски тогаш на својот фејсбук профил објавува „Одлична вест за Прилеп и македонската економија. Можам да објавам дека компанија од Германија, „ВИГ“ одлучи и ја објави својата одлука за инвестиција во ТИРЗ Прилеп и ќе обезбеди 1000 нови вработувања за Прилеп и околните места“.

Бошњаковски денес ја излажа целата јавност кога ја најави како нова инвестицијата на германската компанија ВИГ. Тој на прес конференцијата изјави „Втората инвестиција е компанијата ,,ВИГ’’ во ТИРЗ-от во зона Прилеп ќе инвестира шест милиони евра“.

СДСМ во предизборието на предвремените парламентарни избори беше најголем критичар на политиките на ВМРО-ДПМНЕ за привлекување на странски инвестиции. Тие велеа дека не се помага на домашните компании, односно дека не се нудат истите услови кои им се нудат на странските инвеститори, а сега целосно неуспешно се обидуваат да продолжат таму каде што ВМРО-ДПМНЕ застана.

Груевски минатото лето на прес конференција спомена повеќе од 50 странски инвестиции со кои преговорите со владата на ВМРО-ДПМНЕ за инвестирање во Македонија биле во финална фаза и биле на чекор да инвестираат во Македонија. Но, токму поради СДСМ и политичката криза која ја создаде, економската несигурност и насилната промена на власт се откажале од инвестирање во Македонија.

Заев при посетата во Турција пред турските бизнисмени на бизнис форум исто така не штедеше пофални зборови за политиките за привлекување на странски инвестиции кои беа спроведени од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Тој во Истанбул истакна „Условите кои што ги нудиме за инвеститорите во Македонија се отприлика следните: Во првите десет години за секоја нова инвестиција во делот на производството овозможуваме десет годишно ослободување од корпоративниот данок или од данокот на добивка, значи не се плаќа воопшто данок на добивка во првите десет години. Исто така во првите десет години не се плажа и персонален доход на платата на работниците. Тоа се големи предности затоа што ако вие не инвестирате ние и така ги немаме тие даноци во нашиот буџет, но убедени сме дека со тоа отворате работни места и со тоа отворате работни места и го зголемувате севкупното производство во Република Македонија. Исто времено не застануваме овде, дополнително имаме обезбедено буџет од 55 милиони евра годишно за директна државна помош и поддршка на секоја инвестиција. За Македонија тоа се големи пари“.

Заев не заборави и да се пофали со странските инвестиции отворени во времето на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели „Верувајте досега во Македонија во последните неколку години имаме повеќе од 27-8 странски инвеститори од кои што голем дел се турски компании, сите се задоволни од начинот на работење и соработка во Република Македонија“.

За жал токму поради штетните политики на СДСМ и негативниот однос кон инвеститорите кои веќе инвестираа во Македонија и поради објавените тајни договори со истите инвеститори, Македонија загуби повеќе од педесетина компании кои беа спремни да инвестираат во Македонија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This