ВЛАДАТА СО ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ГИ ИЗИГРА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Минимален раст или стагнација предвидува новиот закон за пензии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата кон крајот на декември набрзина усепеа да го смени законот и тоа токму во годината кога просечната нето плата пораснала за 5.7%, што значи дека ако се останело по старо пензиите би се зголемиле многу повеќе. Пензионерите планираат до крајот на месецов му предложат на министерството за труд вонредно да ги зголеми најниските пензии, затоа што во моментов многу пензии се пониски од износот на социјална помош.

Од министерството за труд, пак потврдуваат дека пензиите ќе се усогласуваат редовно два пати во годината, но само согласно растот на трошоците за живот.

„Исто така воведена е законска одредба за усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%“ – велат од министерството за труд.

Со години наназад Македонија никако не може да достигне економски раст од 4 отсто. Последен пат ова се случи во 2008 година кога реалниот пораст на БДП изнесуваше 5.5%. Лани просечната пензија во земјава изнесувала 14.421 денар, но дури 170 илјади пензионери имале пониски примања од просекот. Според последните податоци, 7.7% од пензионерите и покрај примањата живеат во сиромаштија.

Ова јасно укажува на фактот дека Владата нема слух и интерес за потребите на пензионерите, а законските измени овозможуваат стагнација или минимален раст на пензиите, а јазот меѓу најсиромашните и најбогатите пензионери уште повеќе ќе се продлабочи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This