Владата со план за да се избегне нафтена криза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе се интензивираат состаноците за надминување на проблемот со спречениот транспорт на нафта од Грција кон Македонија поради блокадата на македонско-грчката граница кај Евзони од страна на грчките земјоделци, најави денеска министерот за економија Дритон Кучи.

nafta

-Блокадата е внатрешен проблем на Грција и се надевам дека  што поскоро ќе се реши. Како надлежен  орган правиме напори да им олесниме на сите што патуваат кон Грција, а не само на транспортерите, рече Кучи на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

За тврдењето на ОКТА дека е можна нафтена криза во земјава доколку наскоро не поминат цистерните со нафта од Грција во Македонија, министерот Кучи рече дека ќе спречат било каква криза.

– Секако ќе спречиме да дојде до било каква криза. Вчера од Секторoт за енергетика ми укажаа дека веќе треба да се справиме со можната нафтена криза и затоа од денеска ќе ги интензивираме состаноците за надминување на проблемот, рече Кучи.

Нагласи дека контактираат со грчките органи идодаде дека и тие не знаат до кога ќе трае блокадата на границата и протестите на земјоделците.

– Сакам да се надмине проблемот, бидејќи ја загрозува економската ситуација во земјава. Имаме комуникација со грчките органи, но сепак станува збор за интерен проблем, потенцира Кучи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This