April 19, 2024, 10:08 pm

Владата со пописот ќе го намалува иселувањето?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата во денешното соопштение, најавувајќи го пописот на населението во април, смета дека статистичката операција ќе помогне да се намали трендот на иселување на популацијата во странство.

„Пописот 2021 за прв пат дава можност да се попишат и нашите граѓани и нивните домаќинства во странство. Ова ќе овозможи давање приказ на миграциските движења, што е добра основа за градење стратегии и политики за успешно запирање на овој процес.

Пописот 2021 е нашата заедничка иднина, која ни отвора европска перспектива за нашата држава и за нас лично како нејзини граѓани“, се вели во денешното соопштение на Владата.

Од таму уверуваат дека пописот ќе ги даде сите потребни одговори во однос на обезбедување квалитетни статистички податоци кои се клучни за градење стратегии и политики и за успешен и предвидлив развој на државата.

„Пописот годинава ќе се спроведе со значително помалку средства споредено со последниот неуспешен обид за попис, поевтино од што се предлагаше, а се спроведува со најмодерните алатки и технологии“, додаваат од Владата.

Извор: www.faktor.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This