ВЛАДАТА СО УРГЕНЦИИ ВО ОЈО: Oбвинитeлcтвoтo побргу да ја заврши истрагата за бегството на Груевски – инволвирани и полицајци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата со внимание ја проследи реакцијата на дел од граѓанските организации кои повикуваа на политичка одговорност одделни институции и носители на високи јавни функции, во врска со бегството на ocудeниот Никола Груевски.

Владата на Република Македонија потенцира дека истрагата што ја води Јавното oбвинитeлcтвo мора да заврши пред да се објавуваат детали во јавноста, особено заради тоа што се работи за деликатни истражни дејствија за кои постојат индиции дека инволвираат граѓани на трети земји.

Владата и МВР се одлучни дека ќе ги почитуваат законите и дека нема да дозволат извршната власт да ја нарушува истрагата која ја води Јавното oбвинитeлcтвo, што беше редовна пракса во минатото.

Укажуваме дека е неопходно целосно затворање на сите прашања во истрагата за да се добијат одговори кои недвосмислено и без сомнеж ќе ја прикажат комплетната слика и сите инволвирани.

Согласно надлежностите и процедурите, со реконструкцијата на бегството и укажувањата на помагателите, базирани на основани сомневања, поткрепени со докази, прво треба да излезе Јавното oбвинитeлcтвo.

Министерството за внатрешни работи, по налог и супервизија на министерот Оливер Спасовски, со сите свои ресурси и професионални капацитети учествува во асистирање на истрагата за утврдување на начинот на кој ocудeнoтo лице Никола Груевски ја напуштило територијата на Република Македонија.

Истовремено, Одделот за внатрешна контрола, кpиминaлиcтички истраги и професионални стандарди, ги завршува истрагите за можна инволвираност на полициски службеници, а Секторот за внатрешни работи – Скопје за начинот на бегство и можните помагатели.Откако ќе биде заокружена и комплетирана истрагата, со потврдени и докажани дејствија, јавноста во Република Македонија ќе биде соодветно информирана.

Владата на Република Македонија ги уверува јавноста и граѓанските организации дека максимално ја поддржува независната и професионална истражна постапка, дека ќе ги прифати сите докажани резултати на истрагата, и дека ќе поддржи преземање одговорност и правосудна постапка со која пред лицето на правдата ќе бидат изнесени сите личности кои учествувале или го помагале бегството на ocудeниoт, поранешен премиер Груевски.

Владата останува на ставот дека Република Македонија има иднина само како правна држава, како држава во која владее правото, и во која кpиминaлнитe политички структури ќе бидат кaзнeти со докази и во фер cудcки постапки, се наведува во соопштението од Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This