ВЛАДАТА СПРЕМА ЧИСТКА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: Манчевски со продолжување на проектот 1 вработен во секое семејство?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Институциите ќе се реорганизираат, при што е можно да се појави и потреба од укинување на некои институции, намалување на бројот на управни одбори, односно намалување на трошоците за администрацијата. Ова го изјави вчера Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, при една конференција во Казахстан.

Како и по кој основ ќе биде вршено префрлување на вработените од јавниот во приватниот сектор, не кажува Манчевски, ниту по која методолигија. Дали со ова Манчевски сака индиректно да посочи дека ќе има бркање од работа на луѓето кои не се по нивна волја односно не се партиски војници, допрва треба да се одговори.

Дополнително се наметнува уште едно прашање: Зошто доколку власта мисли дека треба да дојде до реорганизација на јавната администрација, наместо засилено да распишува огласи за вработување не врши префрлање на веќе вработените, од место со вишок на вработени во места со помал број?

Манчевски е човекот кој пред избори вети дека ќе ја среди администрацијата, дека самата администрација била преполна, но сепак тој не го оствари тоа. Администрацијата ја наполни со несоодветен кадар со фризерки, чистачки и други партиски кадри кои не ги исполнуваат условите за одредени позиции на кои се вработени.

Пред ваква сериозна најава за можни бркања, министерот е должен да објасни на македонските граѓани по кој метод ќе ја врши селекцијата, за тоа како ќе се изврши таа реорганизација на јавната администрација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This