ВЛАДАТА ЌЕ БРКА ОД РАБОТА: Вишокот на административци ќе се понуди на приватниот сектор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште идната недела на владина седница ќе се направат системски и техничи измени, со кои ќе се овозможи институциите кои ја избегнуваат законската обврска да ги ажурираат податоците за вработените да останат без плата.

 

На ова предупреди министерот за информатичко општество Манчевски во интервју за Радио Слободна Европа. Според него пребројувањето е важно за да се спроведе реформата во јавната администрација, но и да може да се изготви извештајот што министерството треба да го објави идниот месец.

„Во изминатиот период се обидовме на неколку начини, со укажувања, со информации и одлуки на влада, инспекциските служби се ангажираа и се подобро состојбата. Сеуште не сме сигурни дека на крајот на годинава со извештајот што треба да го дадеме за минатата година во март, ќе можеме да кажеме дека бројката што ќе ја објавиме, целосно ќе доаѓа од системот или ќе биде набиена преку споредба на бази на податоци, со што бројката што се добива е приближно точна, но не  целосно точна.“ – вели Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.

Министерот Манчевски вели дека администрацијата е превработена, но дека и покрај тоа нема да има отпуштања од работа. Со реформите од идната година вишокот на административци ќе се понуди на приватниот сектор кој за превземањето ќе добие субвенции.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This