ВЛАДАТА ЌЕ ГИ „ДИСЦИПЛИНИРА“ МЕДИУМИТЕ: Владата на СДС ќе ги контролира и дисциплинира медиумите со нов закон!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо да се подобрат условите и слободата на медиумите, владата на Зоран Заев и СДСМ излегува со предлог закон со кој се мешаат во уредувачката политика на медиумите и сакаат да ги дисциплинираат новинарите.

Владата предлага да се промени членот 61, каде е наведено дека радиодифузерите „треба да почитуваат“ повеќе начела за објективно и професионално известување, со зборовите дека „се должни“ да ги почитуваат.

Од ЗНМ денеска испратија и соопштение во кое тие информираат дека изразуваат загриженост од измените кои се предлагаат и истата ја пренеле и до меѓународната заедница.

„За ЗНМ е апсолутно неприфатлива идејата на Владата да ја регулира медиумската содржина. Тоа е во спротивност со најдобрите практики во европските демократии“, истакна претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани, на средбата со претставници на пет други граѓански организации имаа средба со генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, кој престојува во дводневна посета на Македонија.

Според него, наметнувањето на парични казни за начинот на известување на новинарите покажува дека Владата сака да ја игра улогата на главен и одговорен уредник на медиумите. Селмани смета дека Владата досега не покажала желба за вистинска дебата со аргументи околу моделот за финансирање на македонската радиотелевизија.

„Ако Владата однапред знае дека за МТВ треба да се одвојат само 0.7 проценти од буџетот на државата, тогаш за што служи дебатата за законот“, рече Селмани.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This