ВЛАДАТА ЌЕ ГИ КОДОШИ ИНВЕСТИТОРИТЕ: Со одлука на Заев, спротивно на законот и бизнис праксата ќе се објавуваат договорите на инвеститорите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука да се покрене постапка за декласификација на класифицираните информации и договори за доделување на државна помош, склучени помеѓу Владата на Република Македонија и компаниите/странски инвеститори во Република Македонија. Со ова, Зоран Заев несвесно но директно ќе влијае на намалувањето на инвестицискиот потенцијал на државата, поради злоупотреба на приватниот странски капитал во дневнополитички цели

Со одлуката на Владата, согласно Законот за класифицирани информации и согласно препораките на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, покрената е постапка според која Владата на РМ ќе ги направи јавни сите информации и договори за доделување на државна помош со странските инвеститори.

На денешната седница, владата донесе одлука со која се задолжуваат Агенцијата за странски инвестиции и Техничко-развојните индустриски зони, како и сите останати министерства и државни органи, кои поседуваат класифицирани информации и договори за државна помош, и тие да ги покренат постапките за достапност на овие информации и договори.

За ефикасно спроведување на оваа одлука, Владата го задолжи Генералниот секретаријат да достави листа на класифицирани информации и договори за државни субвенции на странските компании во земјата, и утврди рок од седум дена за реализирање на оваа иницијатива на владата.

Иницијативата за декласификација на информациите и договорите за државна помош за странските компании е мерка предвидена со Планот 3-6-9.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This