Владата ќе даде 350 милиони денари за изградба и обнова на основни и средни училишта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На предлог на Министерството за образование и наука Владата на вчерашната седница ги усвои програмите за изградба и реконструкција на основни и средни училишта за 2021 година.

Први информацијата ја споделија првиот вицепремиер Артан Груби и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи кои објавија на социјалните мрежи дека конечно ќе се гради училиште во Визбегово.

Со Министерството за образование и Министерството за транспорт ги надминавме сите пречки за изградбата на училиштето во Визбегово, додека на денешната владина седница се изгласа и програмата за капитални инвестиции, вклучувајќи го овде и училиштето во Визбегово заедно со училиштето во Блаце, напиша синоќа Груби на Фејсбук .

Битиќи, исто така објави дека Општина Бутел ќе добие ново училиште во населба Визбегово.

Вечерва на тематска владината седница усвоивме повеќе програми на јавни претпријатија, акционерски друштва и министерства. Ја усвоивме и програмата за изградба и реконструкција на основни и за средни училишта за 2021 година. Конечно Општина Бутел ќе добие ново училиште во населба Визбегово. Продолжуваме со капитални инвестиции!, напиша Битиќи.

Според програмите, се планира распределба на средства за градби и реконструкции, стручно технички надзор во процесот на градежните активности, обезбедување на техничка документација, податоци и услуги од страна на јавни институции и средства за непредвидени работи и вишоци за училишни објекти за основни училишта и средни училишта во рамките на обезбедените средства во Буџетот за оваа година.

За Програмата која се однесува на основните училишта се планираат средства за реализација во вкупен износ од 328.080.000 денари кои, меѓу другото се однесуваат и на изградба на нови училишта во селата Батинци, Мала Речица, населба Визбегово, село Долно Блаце, Општина Чаир-Скопје, како и реконструкција и доградба и надградба на постојни училишни објекти, со техничка и подготвителна документација.

Во однос на Програмата за изградба и реконструкција на средни училишта за 2021 година се планирани средства за реализација во вкупен износ од 19.700.000 денари, кои се распределуваат за реконструкција, доградба и подготовка на стручна документација за повеќе средни училишта во Тетово, Прилеп, Свети Николе, Штип.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This