Владата ќе нѐ прислушкува од центарот на Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата владина Оперативно техничка агенција ќе следи комуникации од трети кат во центарот на Скопје.
За 15 дена треба да завршат сите градежни работи во седиштето на новоформираната Оперативно техничка агенција (ОТА), која од ноември треба да почне да ги извршува наредбите за следење на комуникациите, пренесува „Магазин“.

Мајсторите носеа материјали за изолација во зградата на Телеком во центарот на Скопје. Тука, на трети кат ќе бидат просториите на ОТА каде треба да биде префрлен системот за следење на комуникации од МВР, пишува порталот.

Според „Магазин“, зградата на Телеком е избрана за централа на ОТА од две причини, првата е затоа што третина на зградата е во државна сосптвеност. Втората поважна е затоа што оттука многу полесно и побрзо ќе се поврзе со комуникациските мрежи кои се во објектот.

Според реформските закони, ОТА треба да профункционира од први ноември, градежните работи се одвиваат забрзано, а се уште не е распишан конкурс за пополнување на сите предвидени работни позиции. Надлежните брзаат да го фатат последниот рок, а според информациите ОТА има доволен број на вработени за почеток на работата.

Агенцијата ќе го изведува само техничкиот дел од следењето на комуникации, односно судските наредби за следење ќе се доставуват до ОТА, а снимените комуникации ќе бидат предавани на органот кој го барал тоа, без разлика дали станува збор за обвинителство, царина или УБК.

ОТА е формирана откако во 2015-та беше откриено дека системите за следење на комуникации се злоупотребувале за приватни и за партиски цели за што СЈО ги води случаите Таргет и Тврдина.

За директор на ОТА на почетокот на септември, Собранието го избра правникот Зоран Ангеловски кој работел и во УБК, но и во Ти-мобајл како овластено лице во компанијата за спроведување на законот за следење на комуникации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This