ВЛАДАТА ЌЕ ЈА УКИНУВА ЗАБРАНАТА ЗА ПРОДАЖБА НА АЛКОХОЛ ВО ВЕЧЕРНИТЕ ЧАСОВИ: Ќе може да се купува во секое време

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Целосно ќе се укине забраната за продажба на алкохол во вечерните часови. Со новото законско решение што го предлага Владата,  алкохолот ќе може да се купува во секое време, но нема да се продава на бензиските пумпи, како што првично се шпекулираше.

Со измените на Законот за трговија ќе се укине само временското ограничување за продажба на алкохол. Лиценците остануваат, додека на бензинските пумпи нема да се продава алкохолни пијалаци. За киосците се уште не е одлучено. Овие предложени измени може да претрпат дополнителни измени, сè додека Законот не влезе во финална владина процедура.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, додаде дека тој лично не се согласува со одредбата за забрана на продажба на алкохолни пијалаци на бензински пумпи и дека Законот може да се дополнува со амандмани од страна на пратениците.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This