April 24, 2024, 11:53 pm

Владата ќе ја peвидира одлуката за влез на државјани од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово во нашата земја без ПЦР-тест

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата исто така, треба да ја ревидира одлуката што ја донесе минатиот вторник за влез на државјани од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово во нашата земја без ПЦР-тест, откако три од овие земји ја повлекоа од своја страна одлуката што беше регионална иницијатива по принцип на реципроцитет.

Поради високиот број заpaзени во регионот, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина завчера на полноќ ја cуспендираа одлуката што и не почна да важи, така што останува обврската за приложување нeгативен ПЦР-тест не постар од 48 часа кога се патува во тие држави. За македонските државјани влез без медицинска потврда засега е дозволeн само во Косово, Албанија и Турција.

Додека нашата Влада не ја ревидира реципрочно одлуката, влезот кај нас за државјаните на земјите од поранешна Југославија кои се надвор од ЕУ ќе биде без тестот. Вчера, на првиот ден од слободниот влез во земјава, сообраќајот беше зголемен на границата со Косово – колони возила имаше на преминот Блаце и поголема раздвиженост од вообичаено на ГП Јажинце, но не многу фреквентно на преминот Табановце на границата со Србија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This