Влада: Личнaтa yпoтpeбa нa kaнaбиcoт нe e kpивичнo дeлo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сегашните одредби од Кривичниот законик (КЗ) предвидуваат дека кривично дело е пуштањето во промет и продажбата на канабис и на другите опојни дроги, а не е кривично дело личната употреба на марихуана.

-И сега во Казнениот законик е дозволена и не е казнива употребата на канабисот за лична употреба. Меѓутоа, она што е политика на Владата, кога веќе се оди во таа насока, е да се прави измена и да се допрецизира и тоа јасно да се направи во Казнениот законик за да нема ситуации како што имавме, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски. Тој одговараше на новинарско прашање дали Предлог-законот за опојни дроги предвидува декриминализација за лична употреба и одгледување на лична употреба, како што бараат невладините организации.

Личната рекреативна употреба на канабисот и денес не е кривично дело, но праксата покажува дека на терен постојат нејаснотии или злоупотреби и имаме ситуации кога лица кои користат канабис за лична употреба се теретат за наводна намера за продажба, брифираат од македонската Влада, пренесе Цивил медиа.

Од Владата очекуваат во измените на КЗ кои се во тек, експлицитно да се потврди со јасна формулација дека личната употреба не е кривично дело, односно дека во затвор не може да оди оној кој за лична рекреативна или медицинска употреба консумира канабис. Ќе биде потребно и дефинирање на терминот лична употреба, за што се бараат правни и нормативни решенија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This