ВЛАДИКАТА АГАТАНГЕЛ СО МАПА НА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА: Нашата земја македонска е запишана во Библијата и сега некој сака да нè избрише

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Го сменија името на Воден, ставија грчко име, на Лерин, на Костур, на Солун, сега сакаат на целата наша македонска земја да ѝ го сменат името или да додадат додавка. Ние, Македонците, исполнети со голема љубов, со големо трпение, со големо милосрдие, братољубие и човекољубие им кажуваме на сите – не, Македонја е нашата земја, нашата татковина, нашата душа. Името на државата е името на црквата македонска, душата на македонскиот народ, со овие зборови се обрати владиката Агатангел на вечерашниот протест пред Собранието против промена на името на државата.

Тој додаде дека „болката на нас, Македонците, е голема и продолжува“.

-Нашата сакана земја македонска е распарчена на три дела – беломорска, пиринска и вардарска. Му благодариме на Гопода што ни го сочува овој вардарски дел, ни го даде за да можеме како народ македонски да се издигнеме духовно и да ги зачуваме спомените на нашите прадедовци кои лежат во нашата македонска земја. Секоја педа од македонската земја, и во Пирин и во Егеј, е натопена со македонска крв. Секој камен да го кренеш ќе го слушнеш плачот на каменот за пролеаната крв на нашите дедовци и прадедовци и на нашите браќа и сестри“, рече владиката Агатангел.

Владиката нагласи дека Македонците се свет народ.

-Нашата земја македонска е запишана во Библијата и сега некој сака да нè избрише, а зошто сака? Никој од тие народи што сакаат да нè избришат не постои во Библијата. Да бидеме достоинствени, да си го чуваме името, нашиот македонски јазик, идентитет, унитарниот поредок на нашата света македонска земја и да го чуваме името на нашата света македонска црква -порача владиката.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This