March 28, 2024, 10:53 am

ВЛАДИКАТА, ГРАВОТ И КОЛБАСОТ: Неверојатна приказна од вистинска случка на епископот Андреј

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Колку да се потсетиме на онаа човечка, дека за луѓето не треба да судиме туку-така и од прва – пишува сајтот „Офф.нет.мк“, пренесувајќи ја неверојатната приказна на епископот на СПЦ Андреј

„Бев во Цирих и требаше да патувам за Виена. Возот, за жал, веќе беше отиден а следниот тргнуваше дури за еден час. Ја искористив приликата во еден ресторан да го јадам мојот омилен комплет- грав со кобасица. Платив на благајната, ја однесов чинијата на маса и – заборавив лажица. Станувам, земам лажица и кога се вратив, гледам на моето место седнал некој човек кој се служи со мојата чинија!

Гледам, што е сега ова, да не е скриена камера? Гледам околу себе и си викам, пази, сега веројатно сакаат да ја видат твојата реакција….

Седнувам карши него, гледам како го јаде мојот колбас и мојот грав и го прашувам:
– Вкусно ли е?
– Многу.
– Баш ме радува“.

Решил владиката малку да глуми, почнал да прави муабет со човекот па по некое време го прашал дали може да добие малку од колбасот, чисто да проба. Човекот го погледнал, пресекол парче, го набодел на чепкалка и му додал. И натаму убеден дека е некоја скриена камера, владиката ја земал својата лажица и прашал дали може да проба и од гравот. „Може, може, нормално“, му рекол човекот и почнале да го делат оброкот.

“На крајот, откако сè изедовме, човекот стана, отиде до касата и се врати на масата со две кафиња. Ги испивме кафињата, тој ништо не зборуваше, стана, се поклони и замина по свој пат. Неколку моменти подоцна, гледам дека покрај мене ми го нема куферот! Па гледам дека ми ја нема и чантата! Ме собра! Отидов до касата да барам помош, човекот ми украде и куфер и чанта!

– А не, не, ми вика касиерката, ене ви го куферот онаму“.

Во тој момент владиката се врти и му станува јасно – цело време седел на погрешна маса! Неговите торби и неговата чинија, со негибната кобасица и грав цело време биле на соседната маса. Потрчал по човекот но тој веќе бил заминат.

Владиката Андреј е епископ на СПЦ, човек кој знае 9 јазици, свири гитара и сака да раскажува приказни.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This