ВЛАДИКАТА СО СВОЈОТ НАРОД: Владиката Агатангел најверојатно ќе се придружи и ќе се обрати на демонстрантите на 27. фебруари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владиката Повардарски Агатангел ќе се обрати на семакедонскиот протест кој на 27 овој месец ќе се одржи пред седиштето на Европската Унија, информираат дел од организаторите на протестот

 

По колумната која предизвика бранување во јавноста, во која Владиката повика на семакедонско помирување и сплотување со цел заштита на уставното име на Р.Македонија, организаторите на протестот ја оставаат отворена можноста Владиката да се појави и на протестите пред седиштето на мисијата на ЕУ во Скопје, на 27 фебруари.

“Не мислиме оваа земја туку-така да ја дадеме, како некој што мисли ќе поминат нивните очекувања како сега што се очекува месеци или година, може и недела-две ќе биде, но јас сум мислам дека ние како народ сме добродушни, трпеливи, имаме смирение…но кога ќе зоврие, кога народот наш македонски ќе почувствува дека го губи најсветото, името македонско, кога ќе ја изгуби својата Македонска православна црква…ние сме еден ѓердан македонски и сега сака некој со жилет да ги сецне бисерите и да излетаат…НО НЕМА, имаме ние Македонци, комити, браќа што цврсто ќе застанат на браникот на нашата татковина Македонија! Јас верувам дека тоа ќе се случи!“ – напиша Агатангел во неговата последна колумна.

Организатори на протестите кои ќе се одржат на 27. фебруари се МОС, Тврдокорни, Единствениот Македонски Пат, здружението Преродба, Единствениот Македонски Пат, Светскиот Македонски Конгрес, Движењето СУМ (Сите за Унитарна Македонија), Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, СеМакедонскиот Нaционален Совет -МАКЕДОНИУМ, Сојузот на Македонците со исламска религија, Македонски манифест, здруженијата на бранителите и македонските патриотски здруженија и многу други.

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This