ВЛАДИКАТА ТИМОТЕЈ ЗА „ТОЈ СО БРАДАТА“: Не сме изземени ни пред Бога, ни пред луѓето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не сум во контакт со струмичкиот владика и не сум во тек со тоа што велите дека го пишувал новинарот Бранко Героски, вели за Лидер портпаролот на МПЦ-ОА, владиката дебарско-кичевски Тимотеј.

Лидер го праша владиката Тимотеј, што ќе преземе МПЦ-ОА доколку се докажат како точни сомневањата, што ги изнесе новинарот Бранко Героски во врска со случајот познат во јавноста како „Рекет 2“. Героски вчера во текст за Плусинфо пишуваше дека засегнатата странка од аферата го посочила и идентитетот на „човекот со брада“ изјавувајќи дека станува збор за влијателно свештено лице, кое често може да се види во високи кругови на естаблишментот.

Иако Героски не го именуваше, многумина во споменатиот „човек со брада“ препознаа дека се работи за еден владика од истокот на Македонија, кој, наводно, бил близок пријател на директорот на Фондот за здравство Ден Дончев.

– Секој граѓанин е еднаков пред законите и до сега имавме примери како им беа одземани мандати и на пратеници. Ние како свештени лица не сме заштитени ни пред Бога, ни пред луѓето, а и законите не велат дека сме изземени од била каква кривична одговорност, вели за Лидер владиката Тимотеј.
Случајот „Рекет 2“ се уште тапка во место, иако поранешната сопственичка на „Диамед“ поднесе кривична пријава против министерот за здравство Венко Филипче, директорот на Фондот за здравство Ден Дончев и Зоран Милески Кичеец, кој е еден од обвинетите и во случајот „Рекет“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This