April 26, 2024, 10:16 pm

ВЛАДИКАТА ЈОСИФ ОДБРАНИ ДОКТОРАТ ВО БУГАРИЈА: Присуствуваше и министерот Спасовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тетовско-гостиварскиот Митрополит на МПЦ-ОА, Јосиф стана доктор на науки. Својот докторат го одбранил на Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и се стекнал со вокација на професор со титула „доктор“ по професионална насока „Религија и теологија“, пишува „религија.мк“.

Отец Јосиф успешно го одбранил докторатот на тема „Создавањето и развојот на Македонската православна црква од возобновувањето до почетокот на 80-тите години на 20 век.

На одбраната да докторатот присуствувал и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски. Таму биле и Куманковско-осоговскиот митрополит Јосиф и епископот Стобиски Јаков од МПЦ-ОА.

По одбраната на докторатот, делегацијата од Македонија имала средба и со Ректорот на Великотрновскиот универзитет, проф. д-р Христо Бонджолов . Тој потенцирал дека овој Универзитет нашол добри пријатели и партнери во Македонија со кои работи успешно на големи проекти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This