ВЛАДИКА ПЕТАР: Прoмена на календарот само со одлука на Вселенскиот собор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Kалендарот не треба да се менува сè додека тоа не се случи на Вселенски собор, кога тоа сите ќе го направат, смета митрополитот Петар.

34-166

Православната црква служи според јулијанскиот календар, кој е донесен на вселенски собор, а преминувањето кон грегоријанскиот календар е можно само со одлука на Вселенскиот собор, вели владиката Петар митрополит преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски во божикното интервју за МИА.

Тој појаснува дека јулијанскиот календар денес го применуваат руската црква, која според бројноста го има најголемото мнозинство во православниот свет, потоа српската, македонската црква, а некои цркви за да не се случуваат поделби во народот, вели, ги применуваат и двата календара. Такви се, наведува владиката Петар, примерите во романската црква, бугарската и црквата во Полска. Во овој контекст, како важен го посочува настанот од 1925 година што се случил во ерусалимската црква.

– Една од црквите, а тоа е најстарата, ерусалимската црква, која во 1925 година го промени календарот, во истата година по прифаќањето на новиот календар им се случи најнеочекуваното – не излезе благодатниот оган во гробот Христов, кој без свеќи влегува за да ги запали свеќите како што тоа вообичаено се случувало. Едноставно со новиот календар не се запалија свеќите и тие веднаш сфатија дека причината за тоа е смената на календарот и дека токму затоа Господ не им го испратил благодатниот оган. Веднаш потоа ерусалимската црква се откажа од смената на календарот и оттогаш и денес, повторно го применува јулијанскиот календар. Тоа е најголемиот доказ дека календарот не треба да се менува сè додека тоа не се случи на вселенски собор кога тоа сите ќе го направат – вели митрополитот г. Петар запрашан за можноста нашата црква да го прифати славењето на празниците според новиот грегоријански календар.

Тој, воедно, додава дека менувањето на календарот може да биде повод и причина за нова поделба на нашата црква, на нашата вера и на нашиот народ.

– Тоа не смее да се случи, освен ако тоа не е одлука која ќе важи за целата планета – дециден е митрополит владиката Петар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This