Владимир Путин: „Pycкaтa вakцинa e eфикacнa пpoтив cитe пoзнaти myтaции нa кopoнaвиpycoт“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската вакцина е ефикасна против сите познати мутации на коронавирусот, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Путин одржа состанок со директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитријев, кој и самиот го потврди она што го рече претседателот.

„Докажано е на примерот на британскиот вид, како и на голем број други мутации. Затоа веруваме дека, навистина, имаме една од најдобрите вакцини во светот во случај на мутации на вирусот“, рече Дмитријев.

Путин, исто така, рече дека системите за тестирање произведени во Русија ги детектираат практично сите мутации, додека Дмитријев додаде дека ова е многу важно затоа што мутациите се најголемиот предизвик за човештвото.

„Но, Русија е пред многу други – и во однос на вакцината и во однос на тестирањето“, рече Дмитријев.

Посочи дека производството на вакцината „Спутник Ве“ (Спутник V) во голем број земји во странство ќе го достигне целиот капацитет во април.

Покрај производството во земјата, склучени се договори и со десет земји, со 20 производители, вклучувајќи ги и најголемите во светот.

„Индија и (Јужна) Кореја веќе ја произведуваат вакцината и многу од тие компании ќе го достигнат целиот капацитет во април“, додаде директорот на РФПИ.

Три вакцини против коронавирусот се регистрирани во Русија.

Првата од нив, „Спутник ве“, беше развиена од Центарот „Гамалеја“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции врз основа на добро проучена платформа на човечки аденовируси.

Втората вакцина „ЕпиВакКорона“ е направена од Државниот научен центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ заснована на пептидни антигени.

Третата подготовка за спречување на Ковид-19 е „КовиВак“ со целиот вирион, што го направи Федералниот научен центар за истражување и развој на имунобиолошки препарати „Чумаков“ на Руската академија на науките.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This