Владиниот авион имал пpинyднo cлeтyвaњe поради прогласен дeфekт додека летал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Авионот на владината СОЗР кој се користи за летови и патување на државните функционери имал дефект и слетал принудно во итна постапка на аеродромот во Скопје, дознава Телма.

Вонредното “emergency” слетување на авионот од марка лирџет се случило околу 14:20 часот. Нема повредени, а во авионот немало патници туку летот го изведувала само посадата.

Дефектот на авионот бил бидејќи имало проблеми со предното тркало, кое се заглавило. По слетувањето авионот не можел да се движи по пистата туку бил извлечен, дознава Телма.

Пилотите на владиниот авион се посомневале во механички дефект при слетување на скопскиот аеродром, но се испоставило дека станува збор за лажна тревога. При стандарна процедура, односно спуштање на опремата за слетување, пилотот и копилотот се посомневале дека предното носно тркало е закочено. Претседателот на УО на М-НАВ, Николче Тасески го потврди немилиот настан.

Тасески вели затоа тие побарале од контролата на летање низок прелет околу кулата за визуелна потврда на дефектот.

Но од Контролата на летање добиле потврда дека предното тркало е извлечено и тие слетале на пистата на скопскиот аеродром без никакви оштетувања.

Директорот на СОЗР не упати писмено да прашаме, без детали и потврда за случајот.

Владиниот авион во моментов е во хангар. А се враќал од солунскиот аеродром.

Владиниот Лирџет и претходно имаше неколку инциденти во воздух. Купен е по падот на претходниот владин авион, кингерот кога во несреќата кај Мостар во 20014-та загина третиот претседател на државата Борис Трајковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This