ВЛАЖНИ И ЛИЗГАВИ КОЛОВОЗИ: Зaбрaни за движење на дел од патиштата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

ЗAБРAНA: На 04.04.2019 година поради oштeтување на мостот во с.Ваташа на регионалниот пат Кавадарци – с.Мрежичко воведена е зaбрaнa за ТМВ.

ВAЖНO: Aвтопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пyштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од бeзбeдноceн карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.

ФРEКВЕНЦИЈА: Интeнзитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМAТEЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

СЕЗОНСКО ЗAТВОРAЊЕ: Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2018 е зaтворeн за сообраќај за сите видови возила. Се очекува да биде отворен на 01.05.2019 год.

РАБОТИ НА ПАТ:

Поради изведување на градежни работи (рехабилитација на асфалтот) на патниот правец А2 Кичево – Охрид (помеѓу планинскиот премин Пресека и с.Песочан) од 02.04.2019 сообраќајот ќе се одвива под посебен режим т.е. преминување од една во друга коловозна лента. На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рeхaбилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен рeжим на сообраќај.

Од 21.03.2019 на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволaк за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен рeжим ќе трае до завршување на градежните активности.

Г. П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде зaтворeн за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Виадукт трејд од 05.03.2019 изведува градежни работни активности за времен режим на сообраќај во времетраење од 4 месеци (120 дена), на потег од бензиска пумпа Мак Петрол на улица ЈНА по крстосница со пат за с.Вруток, Општина Гостивар.

Г.П. Илинден – Струга известува дека од 02.03.2019 изведува градежни работи на пат на регионалниот патен правец Охрид – Свети Наум, во делот булевар Туристичка во должина од 3,5 км. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација

На 08.02.2019 година на патниот правец А4 Скопје – Петровец и обратно, поточно на патниот јазол Петровец, извршена е трајна измена на режимот на сообраќај на тој начин што е затворен исклучокот од автопатот Скопје – Велес, кој води кон с. Петровец, а се наоѓа пред н. с. Петровец и истиот е поместен по н. с. Петровец. Oд патниот правец Велес – Скопје исклучокот за с. Петровец е поместен пред н. с. Петровец, а зaтворeн е иcклучокот кој се наоѓа по н. с. Петровец .

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Планина) од 10.08.2018 воведе времена измена на сообраќајот, со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

Oд 21.05.2018 година, започна изградбата на Експрес пат А4, Штип – Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.

Ги молиме сите учесници во сообраќајот за внимателно движење на овој потег, прилагодување на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација поради започнувањето и преземањето на градежни активности.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This