ВЛАСТА БЕГА ОД ЈАВНО СООЧУВАЊЕ: СДСМ бегаат од гостувања во „Алфа“, телевизија која не е под нивна контрола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Главниот уредник и водител на емисијата „60 Минути со Горан Момировски”, во вчерашната емисија забележа еден детал, а тоа е дека заменик претседателката на СДСМ и вице-премиерка, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, редовно ги игнорира неговите повици за гостување во емисијата.

Како што објасни и Момировски, во вториот дел од емисијата тој беше без соговорник бидејќи до последен момент очекувал потврда од Радмила Шеќеринска за гостување во неговата емисија, но сепак ниту одговорила, ниту пак се јавила да извести дека нема да биде во можност да гостува.

Очигледно е дека телевизија „Алфа“ е на удар на Владата предводена од СДСМ, бидејќи Момировски откри уште еден детал, а тоа дека на неколку наврати бил поканет да гостува и министерот за надворешни работи Никола Димитров, но сепак и тој ги игнорирал неговите повици и електронски пораки.

СДСМ секогаш ветуваше транспарентност за сите медиуми и отвореност кон сите емисии и дебати, но за жал бегаат и ја игнорираат телевизијата „Алфа“, која важи за телевизија која не им е под контрола на Центарот за комуникации на СДСМ.

Момировски напомена дека не треба да се плашат владините функционери и да гостуваат, дека нема да биде жесток, туку само ќе ги поставува прашањата кои ги интересира јавноста.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This