ВЛАСТА ВЕЧЕРВА САКА ДА ГО АПСИ СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Ги одбил понудите за напуштање на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и приклучување на Заев.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако попладнево МВР без најава влегла во неговата куќа во скопската населба Жданец се очекува тој да биде приведен под сомнение за злоупотреба на службена должност додека беше градоначалник.

Според извори блиски до него Јакимовски не се крие но досега не добил никаква покана за разговор со ниту една инсититуција а претресот на неговата куќа и монтираниот случај против него го смета за акт на политички реваншизам.

Предходно пратеникот на неговата партија ГРОМ Чедомир Саздовски и се приклучи на владеачката коалиција на СДСМ а Јакимовски кој порано беше министер во времето на Црвенковски неофицијално ги одбил понудите за напуштање на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и приклучување на Заев.

Претресот во куќата на Јакимовски се случува на истиот ден кога МВР по 5 дена истрага за скандалот најави смена на началникот во БЈБ кој со службен џип си ја пратил ќерката во Грција како и скандалите во Министерството за Здравство на Венко Филипче, но и последниот вчерашен скандал со Зоран Шапуриќ и Радмила Шеќеринска кои преку невладина организација земале државни пари.

Неодамна Јакимовски во интервју изјави дека Заев е најопасниот политичар во Македонија од 1945 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This