ВЛАСТА ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ СИНДИКАЛНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ: Се побројни обвинувањата за притисок на синдикалците во јавната администрација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се погласни и побројни се обвинувањата на синдикалните организации за притисок врз нивните претседатели и раководни кадри во јавната администрација, кои ја критикуваат политиката на власта.

Од Синдикатот на администрација и државна управа при Конфедерацијата на слободни синдикати за ваквите случувања алармираат подолг период, а денеска како најнов случај го посочија отказот од работа што го добил претседателот на синдикалната организација на Агенцијата за вработување, Спасе Николов кој како што вели бил изложен на притисоци и дискриминација од неговото назначување за претседател на синдикалната организација.

Во Агенцијата за вработување, според тврдењето на Николов, бил распишан и оглас за вработување на 14 лица на работни места кои претходно биле испразнети затоа што вработените биле прераспределени на други места.
За прераспределување на пониски позиции на работните места на синдикалните учесници, обвинуваат и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои посочуваат дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ги шиканирал вработените во МВР поради нивните синдикални активности. Од опозицијата вели дека долгогодишни вработени во МВР со големо искуство и заслуги се преместуваат без причина и реална основа, само затоа што имаат храброст да бидат членови на синдикат во време на владеење на СДСМ, истакнаа од партијата.

Помошникот генерален секретар на полицискиот синдикат кој што е врвен полицаец, правник по професија, со положен правосуден испит, неколкукратно наградуван од министерот за неговата служба на 24 декември, два дена откако е назначен за помошник на генералниот секретар на Независниот синдикат на полицијата, со решение е прераспределен од полициската станица Аеродром во полициската станица Блаце, истакнаа од партијата.
Инаку заради преголемата вработеност во јавната администрација, надлежните најавија префрлање на кадар од јавен во приватен сектор, за оваа одлука, но и низа други синдикатите веќе протестираа и најавија дека нема да се согласат со ваквиот став.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This