Власта вeтуваше рeшавањето на пpoблeмот со аepозгадувањето, а сега крати од буџетот за иститот пpoблем

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бети Стаменковска Трајковска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната Комисија за финансирање и буџет рече дека за буџетот 2021 година за унапредување на животна средина се кратат 21 милион денари и најважно е што власта најмногу намалува во категоријата програма за намалување на аерозагадувањето со 20 милиони денари помалку. Таа посочи дека власта вети решавање на проблемот со аерозагадувањето, а сега гледа само што е можно да скрати повеќе.

-Во буџетот кој што го предлагате за 2021 година за унапредување на животна средина имате планирано 294 милиони денари и во споредба со претходниот буџет од 2020 година се скратени 21 милион денари. Најинтересно овде, најголемо намалување има во категоријата програма за намалување на аерозагадувањето со 20 милиони денари помалку. Немојте да се лутите колеги што овде ќе ве потсетам на вашите ветувања затоа што не ги исполнувате, а зошто не ги исполнувате заради незнаењето квалитетно да се работи. Јас сега малку да ве вратам наназад и да ве потсетам дека во вашата програма план за живот од 2016-2020 година сте навеле „во сферата на животната средина не се почитуваат еколошките стандарди, во трката по профит се врши неконтролирано загадување на воздухот, почвата и водата. Загаденоста на воздухот се повеќе се зголемува, што се превземавте за ова ништо?Ќе дадеме поддршка на иницијативите за поставување мени станици, еве јас давам иницијатива за поставување на мерни станици, ајде поддржете ја оваа иницијатива. Многу е битно бидејќи граѓаните на општина Кисела Вода не знаат каков воздух дишат. Ние не можеме да се ослонуваме на некои мерни станици кои ни даваат информации на онаа апликација која сите ја знаеме „Мој Воздух“ нам ни требаа државни мерки станици кои ќе го проверуваат квалитетот на воздухот каков е. Локално за изборите во Кисела Вода, актуелниот градоначалник Темелковски ветуваше дека ќе обезбеди чист воздух зошто тој е клучен за животот на граѓаните. Интересно е што имавте ставено рок до 2018 година, а сега сме 2020 година и нема ништо од реализирање на сето ова, рече пратеничката во своето обраќање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This