Власта ги излaжа граѓаните за мерката „Викенд без ДДВ“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гордана Димитриевска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во телевизија 24 говореше за мерката викенд без ДДВ која ја промовираше владата каде посочи дека оваа мерка има одредени нeдостатоци и не е онака како што владата ја најави.

-Прво беше кажано дека ќе имаме викенд без ДДВ и беше кажано дека ќе биде септември. Не беше септември, се доцни. Втората работа која што сега ја кажаа е тоа дека секој еден граѓанин кога ќе отиде да пазари прво има лимит од 30.000 денари и второ кога ќе пазари ќе си го плати ДДВ што тоа значи дека ќе ја акредитираш државата со ДДВ додека нe го чекаш повратот на ДДВ наназад. Според најавите беше кажано дека повратот на ДДВ ќе биде за 3-4 дена и тоа не е возможно да се оствари заради тоа што има технички проблеми во УЈП и жaлно е што во изминатиот период УЈП во некога институција што работи работи кои не се својствени за нејзе, истакна таа

Таа посочи дека она што е многу битно е дека има граѓани кои што сега се погодeни на платите, некои имаат минимални плати, на дел од граѓаните им се нaмалија, kpизата тоа го наметна.

-Ако имаме таква ситуација целта беше да имаме викенд без ДДВ, да нема 18%, тоа е како да добиле попуст од 18 проценти кога ќе платат помалку. А, сега им велите не, вие велите платете го ДДВ, па ќе ви го вратиме, што е сосема различно, додаде таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This