ВЛАСТА ГИ ЧИСТИ ПАРКИНЗИТЕ ПРЕД СОБРАНИЕ: Забрана за паркирање околу Собраниетоп во очи на утрешното гласање за Северна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе граѓански здруженија за утре најавуваат протести пред Собранието на Република Македонија во одбрана на како што велат, македонскиот идентитет и држава.

Министерството за внатрешни работи веќе се подготвува за протестите, а дека просторот околу законодавниот дом ќе се „чисти“ од полицијата потврдува и известувањето испратено до Министерството за транспорт и врски кое се наоѓа во непосредна близина на Собранието.

Вработените од Министерството за транпорт и врски кое се наоѓа зад Собранието, добиле известување утре да не го користат паркинг просторот пред објектот.

-Ве известуваме дека на ден 9 јануари, 2019 година (среда) поради потреба на Министерството за внатрешни работи нема да може да се користи паркинг просторот пред Министерството. Ве молиме за задолжителна примена на Известувањето, стои во тектот на известувањето потпишано од државнот секретар во Министерството за транспорт и врски.

Утре, на 9 јануари во Собранието започнува третата и последна фаза за промена на Уставот, според договореното за името со Грција, за што е потребно двотретинско мнозинство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This