Власта го носи Скопје во поплава- не ги сопреа браните, Вардар го поплавува главниот град

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Врнежите од дожд кои во изминатите денови ја зафатија Македонија предизвикаа зголемување на водостојот на сите реките. Нивото на реката Вардар е двојно зголемено и постои опасност од поплави.

Граѓаните стравуваат дека Вардар може да се излее и од големото корито во центарот на Скопје.

Дел од реакциите се насочени кон властите на Скопје и на државата дека не презеле доволно мерки за заштита од поплави.

Покачување на нивото на водата забележано е на реките Треска, Радика, Сатеска, Кичевска, по горниот тек на Вардар во атарот на селото Раотинце, како и на нивните притоки, соопшти денеска Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Според нив, на одредени места постои опасност од излевање на водата надвор од речните корита.

Од УХРМ соопштија дека исклучиво висок водостој утринава е измерен на реката Треска, односно на хидролошката станица во Македонски Брод каде нивото на реката е повисоко за 50 сантиметри во однос на вчерашниот ден. Зголемен водостој за 50 сантиметри има и кај реката Пчиња, како и кај реката Боротинска каде денеска нивото е зголемено за повеќе од 200 сантиметри. Исто така висок е водостојот и на реката Радика, Сатеска, Голема, Црна Река и Крива Река, како и на реката Вардар во горниот тек и во Скопје.

Во текот на денешниот ден повторно се очекуваат врнежи од дожд, така што, како што посочуваат од УХРМ, водостоите на реките и понатаму ќе останат високи.

Можни се локални излевања во горниот дел од сливот на Вардар, односно во Полошкиот регион, во сливот на Треска, околу месноста Пласница, како и на одделни места во сливот на реките Радика, Црн Дрим, Сатеска и Црна Река, кај Боротинско Поле.

ФОТО: МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This