ВЛАСТА Е ЗАТЕКНАТА ОД ГОЛЕМАТА БРОЈКА: Најубаво ќе ја почувствувате „разликата“ што сте ја направиле на избори, им порача Ивчева на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс министерот за внатрешни и актуелен политички аналитичари, Наталија Ивчева на својот Фејсбук профил распали по двојните стандарди и шизофреното однесување на власта по однос на вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ. Таа посочи дека власта е затекната од огромната бројка на народот која вчера го поддржа опозицискиот протест, напоменувајќи дека не се носеле автобуси од друг градови, без притисоци врз администрацијата, квоти и списоци. Ивчева натаму коментира дека поради затекнатоста на власта од вчерашниот протест и нејзината писмена реакција во облик на соопштение нема никаква логика. Таа напоменува дека СДСМ допрва ќе го почувствува гневот на граѓаните

 

-Кога тие `мкнеа луѓе со автобуси од цела Македонија за пропаднатиот НАТО-фест кој собра едвај 3.000 души, тоа беше „во функција на граѓаните“ кои сакале да се радуваат на поканата во НАТО.

А тоа пустото, ни покана ни бутур.

Сега, затекнати од огромната бројка народ, без автобуси, од опозиција (што значи без механизам за притисоци врз администрација, квоти и списоци), немале што да напишат па бледо се бранат, велејќи:

„Мицкоски го брани криминалот на Груевски“

Кој криминал бе, ашљаци? Една пресуда има, и таа е за НЕМАТЕРИЈАЛНА корист. Од 5милијарди наводен криминал за 5 евра не докажавте!

Велат од Бихаќка, народот ја чувствувал разликата од владеењето на СДСМ. И, морам да се согласам. Ја чувствува.

За една година, луѓето останаа без ЛЕБ. За ЛЕБ моли народот. Земјоделците ја продаваат механизацијата, родот го фрлија по реките и патиштата, јаболката во Ресен отидоа пошто-зошто за 0.5дени килограм.

Еден куп деца испоубија по улица, секој ден се палат коли, горат станови, се рекетираат фирми….

Секоја недела 100 милиони евра нов кредит. СЕКОЈА НЕДЕЛА.

Пензионерите со намалени пензии, лекови во аптеки нема.

И, разлика. Да, има разлика. Голема разлика.

Се чувствува…да. А вие, најубаво ќе ја почувствувате „разликата“ што сте ја направиле на избори.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This