ВЛАСТА ЗАБОРАВИ НА ВОЈНИЦИТЕ: И на живите и на оние кои што веќе не се помеѓу нас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскита армија изминатите три години беше заборавена од власта иако еден од главните стратешки приоритети на Владата на Заев беше членството во НАТО. Војниците заминуваа на НАТО мисии со искинати униформири, со стари чизми, а храната која што ја добиваа во македонските касарни не ги задоволуваше ниту нивните калориски потреби, ниту пак хигиенските стандарди. Со други зборови власта се присетуваше на армијата само кога постоеше можност за фотографирање и самопромоција на министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Но покрај живите, власта заборави и на оние припадници на армијата кои подолго време не се со нас, како што е примерот со 11 припадници на АРМ кои пред 12 години ги загубија своите живот во хеликоптерската несреќа кај Блаце.

Универзитетскиот професор Александар Нацев денеска во касарната Страшо Пинџур изрази почит и благодарност за пожртвуваноста на припадниците на АРМ кои пред 12 години ги загубија животите и притоа посочи дека овие луѓе денеска беа заборавен од врвот на власта и надлежните.

-Денеска се одбележаа дванаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце, каде животот го загубија 11 лица, припадници на Армијата на Република Македонија. Со Почит и неизмерна благодарност кон нивната пожртвуваност.

ПС. Многу говори фактот што овој чин денеска беше заборавен од врвот на власта и надлежните, срамно, без поклон кон изгубените животи, пишува тој на Фејсбук.
Вечна им слава на овие храбри луѓе, нека почиваат во мир!

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10220942160410813&set=a.10200114397649761&type=3&theater

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This