Власта им ги ykинa дозволите за полицискиот час за граѓаните што викендов ќе одат во Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата попладнево им се јавувала на сите граѓани кои утринава добиле дозволи за движење за време на полицискиот час, а кои сакале викендов да одат на вакцинација против Ковид-19 во Србија, и ги известувала дека дозволите нема да им важат, објави „А1Он“.

Денеска до пладне МВР издавало дозволи за движење, со оглед на тоа што голем број македонски граѓани за утре и задутре наутро имаат закажано вакцинација во Белград. За нив е невозможно е да стигнат точно на време доколку не ја напуштат земјава за време на полицискиот час, односно во периодот од 22 часот до 5 часот.

Вакцинацијата ми е закажана во осум часот. Невозможно е да стигнам до Белград ако тргнам по пет часот наутро. Дали Владата сака да ни го ограничи правото на вакцина, при уредно примена покана? – реагираат граѓаните на социјалните мрежи.

Сепак, ваквата Владина одлука најверојатно нема да ги премисли граѓаните да заминат во Србија, со оглед на тоа што од српските здравствени власти стигна информација дека терминот за вакцинација може да се помести, дека може да се вакцинираат и лица кои воопшто немале закажано термин, па оттаму не е важно во кој дел од денот ќе пристигнат.

Српските медиуми веќе јавуваат дека пред белградскиот саем е преполно со возила со македонски и босански регистарски таблички.

Оние што викендов ќе одат во Србија, ќе се вакцинираат со британската вакцини „АстраЗенека“. Ревакцинацијата ќе биде по три месеци

Во земјава се уште не е почната масовна вакцинација на населението, а првите вакцини од „АстраЗенека“ се очекува да пристигнат в недела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This