April 26, 2024, 11:10 pm

ВЛАСТА НЕ МОЖЕ ДА СИ НАРАЧУВА ОПОЗИЦИЈА: Собранието да ги условува избрканите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ како независни!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери осумте исклучени пратеници да не ги ословува како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ затоа што на 2 ноември 2018 година до Собранието испратен е допис по кој е известено дека дел од пратениците кои ја формираа новата пратеничка група во Собранието се исклучени од членството на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој побара веднаш да се преземат сите мерки и активности за истите да не го користат името и симболот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Затоа колегите да ги ословувате како независни пратеници, затоа што власта не може да си нарача опозиција и да дебатира со нив. Може утре било кој пратеник да излезе од редовите на било која пратеничка група и да се нарече независни пратеници од СДСМ, ДУИ и тоа не е правата слика и супстанцијата која што треба да ја дадат преговорите на власта со опозицијата, потенцираше Мицевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This