ВЛАСТА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД СЕВЕРНА: Унапредување на политичкиот дијалог со Грција преку понатамошна имплементација на Преспанскиот договор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на 7 и 8 ноември 2019 година е во работна посета на Женева, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Зоран Заев, а со цел учество на состанокот организиран од Светскиот економски форум на тема „Стратешки дијалог за Западен Балкан“. На маргините од лидерскиот состанок, министерот Никола Димитров денес се сретна со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас.

Kако што соопштија од Министерството за надворешени работи, на средбата биле разменети видувања за најновата состојба во билатералните односи, состојбите во регионот, како и неговата европска перспектива по исходот на последниот Европски совет.

Министерот Димитров изрази задоволство од досегашната соработка со Грција и нивниот ангажман во полза на започнувањето пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија. Во тој контекст, го нагласи очекувањето Грција да продолжи да биде наш силен поддржувач и промотор на нашата интеграција во ЕУ.

Двајцата министри се согласија за можностите за унапредување на политичкиот дијалог и интензивирањето на билатералната соработка во сите области од заеднички интерес, преку понатамошната имплементација на Преспанскиот договор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This