ВЛАСТА НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ќе се приватизира ли бpзaтa пoмoш?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство ниже планови за јавно-приватни партнерства и во новата година. По детската кардио-хирургија, која од вчера и официјално е преселена во „Жан Митрев“, следна на удар е Брзата помош.

Изработката на физибилити студијата за оправданоста, приватниот сектор да ја финансира и да стопанисува со Брзата помош и со Домашната посета преку сличен договор, се уште не е започната, а тендерот беше објавен пред два месеци. Причината за пролонгирање на анализата останува непозната, но министерот Филипче вели дека официјален потпис не е ставен, по барање на фирмата која го добила тендерот.

Откако ќе биде почната постапката, фирмата има рок од 60 дена за да ја заврши анализата која треба да покаже дали моделот јавно – приватно партнерство може да функционира кај нас.Со недефинираните партнерства ќе дојде до деградација на јавното здравтсво, смета д-р Игор Николов.

Студијата за можно јавно-приватно партнерство беше најавна пред неколку месеци, откако министерот јавно призна дека овие служби се во лоша состојбата. Физибилити студијата треба да покаже дали ваков модел за овие служби може да функционира и кај нас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This