April 16, 2024, 10:46 am

ВЛАСТА ПЛАНИРА АМНЕСТИЈА ЗА ТЕОРИРСТИТЕ ДО СМИЛКОВСКО И ДИВО НАСЕЉЕ: Ќе учествуваат ли и одметнатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во ослободувањето на теорирстите?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали власта планира амнестија на терористите од Диво Насеље и Смилковското езеро? За индициите за планираната амнестија на терористите укажува професорката Тања Каракамишева, коментирајќи го одбивањето на предлог Законот за амнестија за настаните од 27 април, предложен од опозицијата.

Според неа ваквото дејствување на власта во парламентот посочува и на фактот дека дел од пратениците на опозицијата се држат во заложништво и укажува дека се планира амнестија на терористите од двата крупни случаи, амнестија која се бара и во Тиранската Платформа.

-Со неизгласувањето на предлог-законот за амнестија Заев праќа два абера до одметнатите: првиот е дека ги држи во заложништво за да му играат феферевка, и вториот е дека планираната амнестија на криминалците од Диво насеље и Смилковско ќе ја стави на нивен грб. На здравје бричење, пишува Каракамишева на Твитер.

Предлог-законот за амнестија е изготвен од страна на владеачката парлкаментарна коалиција и независната пратеничка група на исклучените од ВМРО, објави 1ТВ. Неофицијално, на непосредните учесници во насилствата во Собранието на 27 април ќе добијат преквалификување на обвинението, со што законски ќе добијат помали казни, додека обвинетите за индиректно поттикнување и помагање ќе бидат амнестирани.

Според претходните најави, законот треба да биде изгласан околу средината на декември. Инаку денеска Собранието не го прифати предлог-законот на 29 поднесувачи од ВМРО-ДПМНЕ во кој се бара експресна и целосна аманестија за сите.

Извори на телевизијата потврдуваат дека уште трае координацијата меѓу правните експерти и пратениците од независната пратеничка група, а во среда ќе биде првиот состанок на кој ќе биде претставен предлог-законот пред целото тело кое брои 25 членови од собраниското мнозинство и осумтемина пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This